Пристапност

Создавање свет без ограничувања

Користиме технологии за да вградиме пристапност во нашите производи и услуги.

Се стремиме кон иднина каде што секој може да споделува моменти и ги надминува ограничувањата предизвикани од возраста, физичката состојба и животната средина.

Нашата посветеност за континуирано подобрување на пристапноста е начинот на живот на компанијата Sony.

Компанијата Sony се стреми кон создавање одлични производи и услуги користејќи напредни технологии што се интуитивни и луѓето лесно можат да ги користат, независно од нивните способности. Веруваме дека никој не треба да биде изоставен и продолжуваме да работиме за остварување на таа цел.

Услугите и електронските производи за широка потрошувачка постојано ја зголемуваат нивната повеќефункционалност. И нивните интерфејси стануваат посложени.

Имајќи го ова предвид, компанијата Sony соработува со многубројни лица кои се соочуваат со предизвици во пристапноста и заедно вршат тестови за пристапност со цел да ги проценат факторите како што се можностите за гледање, разбирање, ракување и реагирање.

Компанијата Sony со гордост ја презема водечката улога во развојот на меѓународните стандарди за пристапност, можност за користење и активно помогнато живеење (AAL) според IEC TC 100 и IEC SyC AAL. Исто така, компанијата Sony е посветена на промовирање пристапност во регионалните трговски асоцијации, како Digital Europe, JEITA (Јапонија) и CTA (САД) за да обезбеди соодветни решенија што ќе бидат усогласени преку технички политики.

  • За повеќе информации за односот на Sony кон пристапноста и информациите поврзани со специфични производи и функции, ве молиме посетете го нашиот глобален <a href="https://www.sony.com/SonyInfo/accessibility/" target="_blank">веб-сајт за Пристапност.</a>

  • Ако имате специфични прашања за областа на пристапноста или, пак, доколку не можете да пристапите до некоја содржина или услуга, ве молиме контактирајте нè.