Одредби и услови за користење на веб сајтот

Молам прочитајте го текстот внимателно. Содржи важни податоци за вашите права и обврски и вашиот пристап и користење на веб-страницата или Услугите.

1. ОПЕРАТОР - РАКУВАЧ НА ВЕБ САЈТОТ И ДЕФИНИЦИИ

Сајтов го одржува Sony Europe B.V. преку претставништвото на Sony во Република Македонија. Sony Europe B.V. е компанија која е регистрирана во Англија и Велс, со овластена канцеларија во The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey, KT13 0XW, UK. Регистерски број на компанијата е: 2422874. Адресата на претставништвото во Македонија е: Соравиа Центар, ул. Војвода Васил Аџиларски бб., 1000 Скопје, Република Македонија.

Според следниве услови:

Под услуги се подразбираат, секакви функции, простории, апликации, податоци или други услуги кои се дадени на располагање преку сајтов, (вклучително, кадешто тоа е можно, ДУИ (давател на услугата на провајдер и/или пристап кон интернет) услугите).

Афилијација со Сони значи дел од Корпорацијата Сони, во Токио, Јапонија и било кое лице, чиишто акции ги поседува или пак ги контролира директно или индиректно Корпорацијата Сони.

Под Услови се подразбираат овие услови кои се елаборирани тука.

Под корисник или Вие, се подразбира секое лице кое пристапува или го користи сајтов, со или без овластување од страна на Сони, и без обзир дали сте регистрирани или не за користење на овој дел од сајтот или пак сте член или пак регистриран корисник на услугите коишто ги нуди сајтов.

Под овој веб сајт - или сајт, се подразбира веб сајт или куќна страна т.н. хоум пејџ (home page или пак подвлечена или веб страница - мајка) или друг вид на збир на податоци и/или апликации, кои ги одржува Сони во работа, а кои се на располагање и пристап од страна на физички поврзани со безжична мрежа (вклучително и таа на интернет, како и мрежите кои се достапни преку користење технологија на апликациски протокол или слично (wap технологија) преку направа за пристап, како што се Персонални компјутери (ПК), лаптоп компјутери, мобилни телефони, PDAs, дигитални камери, телевизори или други направи кои може да се постават на мрежа, на која овие Услови се наоѓаат, или на кои изричито се однесуваат, во врска со Корисникот кој се согласил со истите. Секое повикување на овој сајт или сајтови, опфаќа и повикување на секој поврзан wap сајт. Некои други услови се дефинирани во текстов подолу.

2. ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОВ

Со пристапувањето, разгледувањето или пак симнувањето на било кој дел од сајтот, т.е. неговата содржина, или пак ставањето на него или пак вградувањето на истиот, или било каква друга употреба на овој сајт и неговата содржина, дали како регистриран корисник, или пак нерегистриран гостин, се согласувате да се сообразувате со овие Услови, без измени (кои пак би значеле правење договор меѓу Вас и Сони) како и сите важечки соодветни применливи законски одредби.

Доколку за вашиот пристап до сајтов, или пак до било кој негов дел или некоја од услугите кои ги дава, треба да се плати такса, Сони смее да не одобри таков пристап доколку таксата не е била платена или пак плаќањето на истата доцни, без обзир колкава е. Одговорни сте за обезбедување на соодветен хардвер, и софтвер, како и за плаќањето на сите телефонски (или други мрежни) плаќања, кои се потребни за пристапот и користењето на сајтов, како и услугите од него.

Пристапот кон сајтов или пак условите што ги дава може да се ограничи на максимален број посети, и/или пак според критериум времетраење на посета. Сајтов или пак определени делови на истиот може да содржат содржини наменети само за возрасни и постари. За пристап и гледање на таквата содржина, мора (а сте потврдиле веќе) дека имате барем 18 години возраст. Доколку дозволите деца да пристапуваат и да го гледаат сајтов, тогаш одговорноста за водењето сметка за таквите посети, како и одредувањето што е соодветно а што не е за вашите деца, е ваша. Имајте на ум дека во некои делови на сајтов е можно деца да објавуваат приватни податоци јавно, а кои податоци се однесуваат на нив самите.

Се согласувате дека нема да пристапувате кон сајтов со други средства освен интерфејсот кој е ставен на располагање од страна на Сони и е наменет за пристапување кон сајтот.

3. ДРУГИ УСЛОВИ ПРАВИЛА И СЛ.

Условиве се дополнителни услови кои може да важат за корисниците согласно лиценцата за дистрибуција, лиценцата за продажба или условите или пак други применливи договори или услови. Таму кадешто, сајтов или дел од истиот содржи правила, насоки за однесување, други натамошни услови, или други насоки за корисниците, истите се согласуваат дека ќе ги почитуваат таквите други правила, насоки и сл. Во случај на било каков судир, или неусогласениот, овдешните услови ќе имаат предност при важењето.

Доколку не се согласувате со било кои од условиве, (или други правила насоки и сл.), не може да го користите сајтов.

Условиве, може да содржат одредби кои претпоставуваат функционалност или услуги кои не се (ниту пак се такви предвидени да се) на располагање преку овој сајт. Сè додека некоја одредба на Условиве, која се однесува исклучиво на некоја таква функционалност на услугите, истите нема да важат ниту ќе предизвикуваат последици, ниту ќе влијаат на важењето на другите одредби.

4. ПРЕТПЛАТА И ПЛАЌАЊА ЗАВИСНО ОД СОДРЖИНАТА И/ИЛИ УСЛУГИТЕ

Некои или сите содржини, и/или услуги кои се на располагање или до кои се доаѓа преку сајтов може да се на располагање според условите под кои сте ги купиле, или пак претплатата со еднократно плаќање.

Доколку изберете услуги или содржини врз база на претплата, и му испратите на Сони, барање за претплата, изјавите или гарантирате дека сте постари од 18 години, дека сите податоци кои ги доставивте се вистинити и точни, (вклучително, но не и само бројот на кредитната картичка и датумот на нејзиното важење) и се согласувате да ги платите сите потребни такси, како и сите даноци поврзани со тоа.

Може да ја поништите вашата претплата, на било кој дел од содржината за кој сте платиле такса, или пак за услугите преку јавување кај Сони, (секако со некој минимален рок или пак почетен период, или пак било кои применливи услови, во врска со можноста или неможноста парите да ви се вратат за преостанатиот периодот во кој нема да ги доискористите услугите).

Освен кога изречно е кажано во другите услови кои се на располагање, при кои претплатата, наплатата за пристап, или некои други давачки, вклучително и еднократната такса за користење, или пак онаа за пристап или симнување содржини, сајтов, таксите ќе се плаќаат од страна на корисниците однапред според износи и периоди како што се предвидени од страна на Сони.

Во деловите во кои се наплатуваат, таксите подлежат на промени во било кое време. Сони ќе вложи разумни комерцијални напори, за да ги извести корисниците кои се претплатиле на содржините и услугите кои се наплатуваат за секоја измена однапред.

Тогаш кога корисникот ќе избере, во врска или пак за овој сајт да симне или да добие содржина за која се наплатува надоместок (како што се на пример одредени тонови на ѕвонење, скрин сејвери, постери за на десктоп, дизајни или игрички), корисникот изјавува и гарантира дека неговиот пристап или направата за симнување, може да го врши истото, и дека истата е компатибилна со форматот на бараната/симнуваната содржина. По симнувањето/испраќањето на таквата содржина (1), надоместокот кој се плаќа нема да може да се врати и (2) поради било какви ограничувања, може да ја меморирате содржината на направата која ја користите, а за која сте имале намера, но стриктно забрането е да ја меморирате истата на друго место, при што ќе настане измена, приказ или копирање, дистрибуирање или препраќање на истата на трети лица, или пак давање дозвола на трети лица за пристап кон истите податоци.

Одредбите на овие услови за користење, кои се однесуваат на содржината ставена на сајтот (како што се дефинирани подолу) исто така ќе се однесуваат на било која на тој начин испратена или симната содржина.

5. РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЦИТЕ, ЛОГИРАЊЕ И ОДЛОГИРАЊЕ

За ставање, или симнување на материјали, како и за комуникација или пристап до сајтот, услугите, ресурсите и одредена или секаква содржина од сајтот (дефинирана подолу), корисникот може да биде прашан да достави податоци за регистрација и да се логира. Тоа е услов за користење на сајтов, услугите и содржината на сајтот за кои корисникот ќе ди приложи сите потребни детали за регистрација, се и остануваат, вистинити, точни, сегашни и потполни.

Се согласувате дека ќе го известите Сони, веднаш доколку било каква измена е значајна за вашата регистрација. Известувањето треба да се изврши на адресата, е-маил адресата на Сони која е дадена на сајтот, или пак според условиве од погоре.

Доколку Сони смета дека деталите не се точни, сегашни или потполни или ако Сони инаку по свое наоѓање смета дека ваквата активност ќе биде соодветна, (вклучувајќи и ситуации при кои се сомнева на постоење неколку кориснички имиња за ист корисник), тогаш Сони има право да го одбие пристапот на корисникот, кон сајтот или пак кон неговите ресурси, услуги и содржини, и да го укочи или поништи, корисничкото име на корисникот (доколку такво веќе постои).

Таму кадешто Сони дава пристап на сајтот или на дел од сајтот, има можност и за одлогирање, т.е. излегување (или слично), кадешто треба да „излезете“ од вашето корисничко име, на крајот на вашата интернет посета. Сони го резервира правото да ги одлогира, корисниците чисто кориснички акаунти се неактивни подолг временски период. Доколку некоја од услугите кон кои пристапувате преку овој сајт е пристап на самиот интернет, (на пример ISP услуга), додека сте конектирани, со цел да го заштитите квалитетот на услугата, за нашите корисници, како целината, Сони го резервира правото (1) да Ве исклучи од Услугите, доколку сте конектирани на истите а не правите ништо или пак после секои 15 минути или пак некое друго такво временско ограничување кое што ние би го избрале за наша разумна дискреција и/или (2) да го ограничи вкупниот број корисници, приклучени кон услугите во било кое време, и должината на времето за кое корисникот може да е приклучен за една сесија.

6. ЛОЗИНКА И ДЕТАЛИ ЗА КОРИСНИЧКОТО ИМЕ

Корисникот е одговорен за чување на тајноста на неговата лозинка, корисничкото име, идентификацијата, и другите детали (доколку има такви) како и за сите активности во акаунтот на корисникот. Секое неовластено користење на корисничкото име или друго прекршување на безбедноста треба да му се пријави на Сони веднаш. Вашата регистрација или претплата, е лично Ваша и не смее да ја откривате или да ја давате или да ја ставате на користење на другого, како и корисничкото име, идентификацијата или пак лозинката. Секое откривање на вашето корисничко име или на лозинката може да доведе до раскинување на вашата регистрација или претплатата, а кога сте се регистрирале за надомест услугата која е заснована на таа претплата, ќе биде без можност за рефундирање и може да претрпи и други промени врз основа на неовластеното користење.

7. ПРОМЕНИ НА САЈТОТ И НА УСЛОВИВЕ

Сони и/или трето лице - провајдер, може да направи подобрувања или измени на производите, поддршката, услугите, средствата, цените или на друга содржина (вклучително и овие услови) во било кое време со или без известување за тоа.

Сони може да направи известување за измените на овие услови (или на друга содржина на сајтот), со објавување на известувањето на овој сајт или на други комуникациски средства. Корисниците кои пристапуваат кон сајтов после објавувањето на измените на сајтов, или пак биле инаку објавени, ќе бидат обврзани со таквите измени, штом таквите известувања или нови услови се објават на сајтот или пак се објавен на инаков начин, дури и тогаш кога корисникот нема да ја посети страницата на која се измените или новите услови биле објавени и прикажани. Затоа се препорачуваат чести проверки на сајтот и овие услови.

8. ДОЗВОЛЕНО И ЗАБРАНЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОВ

Пристапот и користењето на сајтов, вклучително и гледање, симнување, репродуцирање, прикажување, поставување и објавување на: - податоци, графика, слики, фотографии, дизајн, описи, информации, текст, видео, аудио, музика и звучни компилации, средства, софтвер (вклучително и прилози и секаков софтвер кој им е даден на располагање на корисниците во врска со пристапот некаква претплата или пак област со ограничен пристап или услуги поврзани со сајтот), како и софтверски компилации, драјвери и други услуги (дефинирани подолу) - содржината на било која електронска порака, новина, или слична порака испратена од Сони или пак во името на Сони, во врска со сајтов или регистрацијата на корисникот, или пак неговата претплата, како и друга содржина. на овој сајт која потекнува или пак е дадена директно од страна на Сони, Соработници на Сони, или пак негов производ, поддршка или провајдери на услуги (заедно со содржината на сајтот), е забрането, освен ако не е специјално дозволено со овие услови. Ова се однесува на користењето на секакви средства, вклучително електронски, механички, фотокопири, снимања, правење на дериватни работи или други активности.

Сони дава ограничена, непренослива, неексклузивна, отповиклива дозвола, на корисниците да му пристапуваат и да го операционализираат, некомерцијалното користење на сајтов, како и на неговата содржина, како поддршка и комуникациски извор, за целите за кои се наведени, само на овој сајт. Корисникот може електронски да копира и да ја печати во хард копија, содржината на сајтот за оваа цел, со тоа што сите права на копирање како и сопственички забелешки (доколку ги има) се сочувани во содржината на сајтот.

Секакво инакво користење на содржината на сајтот, вклучително и репродукција за цели поинакви од оние кои се наведени погоре, измена, дистрибуција, пренос, симнување на содржината на сајтот (со исклучок на каширањето на страницата) повторно објавување или пак реверзибилен инженеринг, без претходна писмена согласност од страна на Сони - е забрането, (освен ако таквата забрана е забрана врз основа на важечки закон). Без ограничувања дозволата за користење на сајтот не опфаќа и право на препродажба или пак комерцијална употреба или дистрибуција на содржината на сајтот, собирање и користење на било кој производ, поддршка или услужни листинзи, описи, или цени, -дериватно користење на сајтот, или на неговата содржина, (вклучително и врамување) - симнување или копирање на податоците од корисничкото име, а во корист на некој продавач, било кое користење на податоците од сајтот, кои значат поврзување на било кој производ на Сони, или пак некој таков, на произведувачите на Сони, поддршка или сервисирање, освен во случаите кога тоа е изричито утврдено во пишан договор, помеѓу соодветните страни.

Корисникот нема да го користи сајтов или услугите од истиот, на начин кој значи повреда на условите, (или нивната намена) ниту пак на некое важечко право, или правила (вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на јавните комуникациски мрежи), пак ако постои или би можел да настане штета, прекин или повреда на овој сајт или пак на услугите во него. Корисникот не смее да се обидува да стекне неовластен пристап до било кој дел од сајтов, другите кориснички имиња или пак компјутерски системи или мрежи кои се поврзани со овој сајт, било преку хакерство, разбивање лозинки или пак други начини. Корисникот не смее да собира или пак да се обидува да собира, лични податоци кои се однесуваат на други лица а преку овој сајт.

9. АВТОРСКИ ПРАВА - СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНАТА

Сони не ја префрла сопственоста на ниедна содржина на сајтот, која е симната или се користи од страна на корисниците. Содржината на сајтот, вклучувајќи го и изборот и распоредот на истата, се сопственост на Сони, или пак на неговите придружни фирми, како и содржината и технологијата на провајдерите и е заштитена со законите за авторски права и со други закони. Ограничена дозвола за користење на содржината на сајтот, (за целите наведени во претходниот дел), е посебно направена за распознавање на корисниците, набљудување, како и зачувување на сите авторски права, трговски марки и други известувања за сопственоста, во рамки на содржината на сајтот и сите сопственички и други известувања во содржината на сајтот, како и сите сопственички и други интелектуални авторски права, на Сони и фирмите асоцирани со него, и провајдерите на технологијата, во рамки на содржината на сајтот. Корисникот нема да има никакви сопственички права врз ниедна е-маил адреса, URL или друг идентификатор на лица, кој може да му биде доделен или пак да биде избран од негова страна, наменет за било која услуга, која е на располагање преку сајтов, и ограничените права на корисникот да го користат таквиот идентификатор на адреси, ќе продолжат да бидат на располагање само додека важи неговото корисничко име, за пристап кон сајтот или кон соодветна услуга. По раскинувањето на таквото важење, од страна од страна на Сони, поради било каква причина, Сони ќе смее да ја користи или пак да ја дава на другому на користење, секоја таков идентификатори или адреса.

Секое неовластено користење или копирање на содржината на сајтот, или користење на неговата содржина, на начин со кој се кршат условиве (или пак нивна генерална намена), може да ја загрози трговската марка, авторските права, и други сопственички права, како и цивилни и криминални структури. Корисниците нема да ја користат содржината од сајтот (ниту никоја друга содржина, до која дошле преку овој сајт) на ниеден начин кој значи повреда на трговската марка, авторско право или други сродни права. Сони ги резервира сите права во однос на таквото неовластено користење или кршење на овие услови.

10. ТРГОВСКИ ОЗНАКИ / МАРКИ

„Сони“ е регистрирана трговска марка на корпорацијата Сони, Јапонија. Сите трговски марки, лога, веб-сајт адреси, производи или имиња на модели или изведеници од истите, а кои опишуваат производ на Сони или пак на афилијација на Сони, поддршка или услуги, кои го содржат во името зборот "Sony" а кои се стаени во содржината на сајтот (Заедно со ознаката - Сони) претставуваат заштитни знаци - марки, и се сопственост на Сони или пак на некоја негова афилијација. Секаков список на трговски ознаки на Sony (или на други) марки на сајтов, периодично се ажурираат, но не смее да се сметаат за список на секакви трговски ознаки на Сони (или други) трговски ознаки.

Секаква ознака на Сони или пермутации на истата, (освен ако истата не е изречно овластена од страна на истиот и тоа писмено) е строго забранета.

Други имиња на производи и компании спомнати во сајтов може да се трговски ознаки на нивните соодветни сопственици.

11. СОДРЖИНА НА КОРИСНИКОТ - ДОДАДЕНА, ИЛИ ПАК Е ДОСТАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА / МАТЕРИЈАЛ

Во рамки на овие Услови, содржини кои се на корисниците, или пак други содржини, кои се или пак би можеле да му се дадат на располагање на Сони, или пак да се стават или да се отстапат од страна на корисникот преку овој сајт, или пак соодветни средства, вклучително (но не само) слики, видео и други слики, аудио материјали, графика, документи или пак фајлови со податоци, податоци кои се однесуваат на физички или други лица, пораки, е-маил и друга комуникација, фајлови, текстови, мислења, персонализирани сетинзи и други податоци.

Со ставањето на кориснички содржини кон сајтов или пак испраќање или ставање на располагање на содржини на корисникот на Сони, како и афилијациите на Сони, согласно или во врска со содржината на услуги или на сајтот или инаку, корисникот автоматски се стекнува (или пак гарантира дека сопственикот на таквата корисничка содржина изречно ја добил), Сони и партнерите на Сони и на нивните партнери, и нивните овластени лица, постојано, неограничено со авторски права, неотповикливо и неисклучиво право на дозвола за користење (вклучително и на комерцијално користење и експлоатација), копирање, под - лиценцирање, репродукција, измена, адаптација, објавување, преведување, јавно изведување, покажување и дистрибуирање, на корисничката содржина (вклучително и на секакви идеи, поими, кnow-how или техники кои се содржани таму), како и да креира дериватни работи од корисничка содржина од онаа на корисникот, (или пак на дел од истата), во било каков формат, медиум, или технологија која е сега позната или е развиена подоцна низ светот. Дополнително, корисничките гаранции на корисникот кој може да користи такви, и дека сите таканаречени „морални права“, во било која корисничка содржина, се откажуваат. Сета корисничка содржина, ќе се смета за содржина која не е доверлива, и над која нема никакви ограничувања, а ниедна корисничка содржина, нема да претставува, никаква обврска ниту пак потреба од тајност за кои сметка треба да води Сони.

Но, овој дел не се однесува на никакви лични податоци, кои биле доставени од страна на корисникот а кои го идентификуваат него/неа самиот/самата. Истово ќе се спроведе како што е наведено во делот за личните податоци или пак податоците за доставување на формуларот за регистрација на овој или на други соодветни сајтови на Сони, на друго место, во рамки на овие Услови и во било кои други слични услови и околности, кои се применуваат особено за било која соодветна трансакција (доколку такви има), помеѓу корисникот и било кој партнер на Сони.

12. ЗАБРАНЕТ ИЛИ ОГРАНИЧЕН ПРИСТАП КОН СОДРЖИНАТА НА КОРИСНИКОТ

Несоодветни пораки и комуникација

Сони забранува пренос на дистрибуција, растурање, поставување, ставање, поднесување, делење или чување, преку или на овој сајт (заедничко поставување) на кориснички содржини, кои се сметаат (како сами по себе) за несоодветни или гнасни. За такви кориснички содржини се сметаат (без ограничувања само на нив) содржините со порнографска, профана, сексуална, хомофобична, погрдна, измамничка, срамотна, опсцена или навредлива природа, етничка, расистичка или религиозна обележеност, негаторски епитети, заговарање насилство, омраза или незаконски активности - слики од злоставување деца, детска порнографија или сексуални и слични пози, реклами, прегледи на натпревари, податоци кои влијаат на цените а се однесуваат на јавно наведени хартии од вредност, или материјали кои може да доведат до појава на некаква граѓанска или цивилна одговорност, согласно било кое законодавство.

Сони забранува поставување или користење на содржината на сајтот за префрлување кориснички содржини со главна или споредна цел да се искористи сајтот како проводник на намери за продажба, дистрибуција или рекламирање огнено оружје, оружје или пак контролирани материи, нацрти за брза заработка, пирамидални или ланчани писма, измамнички или инаку криминални понуди - за регистрирање на туѓи е-маил адреси, освен вашите сопствени, за отворање на аукции или други лицитации, (вклучително и оние кои се водата на јавните пазари на хартии од вредност) - да им се врши заканување или загрозување на други - или да се прават лажни идентитети, со цел залажување на други, да им се доставуваат сексуални барања од и на малолетници, да се прават расни гадости или коментари, да се претставувате како друго лице, или пак погрешно да ја прикажувате вашата припадност, како да е на некое лице или организација.

Корисникот нема да врши рекламирање или пак да го нуди на продажба или пак да купува некакви стоки или услуги за никаква деловна цел, освен соодветниот Форум или Услуга, специфично го дозволува истото.

Сони го резервира правото (но не прифаќа никаква обврска) да го поништи или да го ограничи правото на корисникот на пристап до соодветна содржина на сајтот или пак податок кој се однесува на корисникот (вклучително и лични податоци), до секоја надлежна организација кадешто се ставени корисничките содржини, а како прекршување или пак претпоставено кршење на било кој од условите (или нивната главна цел или пак други применливо правило кое се содржи во условиве) како и секој друг закон или правила, без никаква обврска за било какво побарување или жалба, кои би биле формално направени или пак докажани, како такви..

Материјали кои се заштитени со авторски права, како и права на друга интелектуална сопственост.

Сони забранува префрлање податоци од содржините кои се музика, софтвер, слики (фотографии или филмови), литературни или уметнички работи или други материјали кои се заштитени со законите за интелектуална сопственост, (или пак коишто може да повредат туѓи права на интелектуална сопствениот), освен кога корисникот е сопственик или пак ги контролира ексклузивните права врз истите, или пак ги добил сите потребни согласности (за кои Корисникот гарантира - доколку дојде до префрлување на такви податоци). Сони забранува префрлување на материјали кои се заштитени со авторски права, или пак истите се под сомнеж дека се такви, а чие користење не е овластено, или пак на фалсификувани материјали.

Лични податоци

Освен заради лично информирање на корисникот, доставено од самиот тој корисник за регистрација или со цел за отворање на корисничко име, (доколку за тоа станува збор), личните податоци кои се однесуваат на другите физички лица, а кои му се познати на корисникот, за вклучување на он лајн списокот на адреси, Сони забранува пренос на било која корисничка содржина која открива лични податоци или приватни податоци кои се однесуваат на било кое физичко лице или пак правно такво, вклучително телефонски бројки, е-маил или поштенска адреса, броеви на корисничкото име, лозинки или парични податоци.

Кога личните податоци или слики кои се однесуваа на друго физичко лице, се префрлени од страна на корисникот за склучување на списокот со е-маил адреси на корисникот, фото албум (или за било каква друга цел), Корисникот гарантира дека таквото лице, (дата субјект), дало своја согласност за таквото доставување, како и за податоците за чија обработка станува збор како и за било какво друго користење на таквата корисничка содржина, која е предвидена со условиве на овој сајт.

'Spam' или пак префрлување на деструктивни материјали

Сите видови спамови, или пак некорисна пошта, вклучително и префрлување или испраќање повеќекратни пораки без да се открие испраќачот кај разни дискусиски групи, доставни списоци за пошта, како и сите активности кои овозможуваат пренесување на спам (несакани пораки), е забрането да се одвиваат преку овој сајт. Освен кога стварната штета направена на Сони (а која може разумно да се пресмета), ги надминува пресметаната количина, (при што вистинските штети треба да ги плати корисникот), на начин на ликвидирана штета, се согласувате да му платите на Сони 5 евра, за секоја поединечна спам порака испратени од вашето корисничко име а поради повреда на условиве.

Сони забранува префрлување компјутерски програми, фајлови и други материјали, кои содржат деструктивна или пак вознемирувачка содржина, како што се вируси, расипани фајлови, скриени фајлови (какви што се слики, со звучна придружба), црви, тројански коњи, или пак ботови, за користење на услугата на пребарување, кои покажуваат повеќе екрани истовремено, како и други активности кои може да се вознемирувачки, за интегритетот на веб сајтот или за функционирањето на он-лајн комуникацијата, општо.

13. КОНТРОЛА НА КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА ОД СТРАНА НА СОНИ

Преку сајтов, Сони, единствено нуди место за средба за корисниците кадешто истите пристапуваат кон одредени специфични услуги, алатки или податоци. Сони не може и не се обврзува да врши преглед, контрола, проверка, цензура и слично и да филтрира или да ја гледа корисничката содржина или пак однесување на корисниците или корисникот на содржината на сајтот.

Меѓутоа, Сони може но нема да има обврска да врши ревизија, било рачно или автоматски, на сета корисничка содржина, која е или би можела да се префрли од страна на корисниците во било кој дел на сајтов, кадешто Корисниците префрлуваат или поставуваат комуникации или комуницираат меѓу себе или со Сони (ако може), вклучително и соби за муабет, групи за размена на новини, места за поставување известувања, заеднички страници, фотоалбуми, лични веб-страници, или други корисни области и форуми зависно од темата. Сони го задржува правото (но не прифаќа обврска) да одбие, да не стави, да отстрани, да измени, да откаже пристап или да го поништи корисничкото име, без известување, за што според сопствено наоѓање и гледање смета дека се повредени условите за кои станува тука збор, а содржината била несоодветна или грозна, или пак настанала друга поврена на условите (и нивната намена) и без било какво барање или жалба, во однос на соодветната корисничка содржина, да биде формално започната или докажана. Сони го задржува правото (но не прифаќа обврска) да соработува со било кој орган на присилба, или пак како реакција на барање на судот, или пак на друго службено барање, во кое стои дека Сони, открил идентитет на било кој што открил корисничка содржина.

14. НЕПОСТОЕЊЕ ОДГОВОРНОСТ - КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА И КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ

Материјалите, податоците и мислењата (во кои може да има и кориснички содржини) кои се ставени или изразени на форумите (или пак преку било кои други средства за пристап кон корисничката содржина) не мора секогаш да се тие кои се на (одобрени) од Сони неговите партери или пак други поврзани лица. Сета корисничка содржина треба да се смета само за медиум во кој се изнесуваат мненија, а не утврдување на факти.

Секоја корисничка содржина и/или услуга која ја добивате или користите или пак ја доставувате преку сајтот, како и користењето разни форуми, ќе ви биде на располагање и ризик и е предмет на откажување и ограничувања и ограничувања на одговорностите во рамки на условиве. Безбедноста на сајтов и на корисничката содржина не можеме да ја гарантираме.

Подразбирате дека секогаш кога испраќате лични или други податоци, он лајн, на пример преку пораки или пак соби за муабет, како и преку други форуми, - таквите податоци може да бидат преземени и да бидат искористени од страна на лица коишто не ги познавате. И додека Сони прави секакви разумни комерцијални напори за заштита на вашите податоци и приватноста, не можеме да ви гарантираме безбедност на било кој податок кој би го објавиле он лајн. Таквото откривање на истите е на ваш сопствен ризик. Освен в однос на личните податоци кои се доставени од страна на корисникот заради регистрација, отворање или ажурирање на корисничкото име (во однос на кое Сони прави секакви разумни комерцијални напори, за заштита на вашата приватност), Сони не е одговорен во однос на корисничката содржина (и одбива секаква одговорност во врска со тоа), којашто корисникот ја дал во дел од сајтот а која се смета (или се очекува да е) приватна, лична или област со ограничен пристап, на сајтот, која станува пристапна за лицата кои не се корисници, на оние кои таквите кориснички податоци ги доставиле. Еквивалентно, Сони нема да се смета за одговорно (и со ова одбива секаква одговорност) во однос на недостапноста на корисничката содржина, кој е доставена во дел од сајтот кој се смета за јавен дел на истиот, или на други Форуми, кадешто други корисници наместо вистинскиот, кој ги доставил корисничките содржини, може да влезе на сајтот во негово име и да располага со содржината најдена таму.

Сони нема никаква обврска да се меша во било каков спор којшто би можеле да поведете со други корисници, ниту пак во било каков инцидент во којшто учествувате како страна, заедно со другите корисници, или пак оние кои биле засегнати од сајтови или пак во врска со истиот.

Сони одбива секаква одговорност поврзана со било каква корисничка содржина, вклучително и било каква грешка, вирус, клевета, обвинување, навреда, опсценост или неточност која би ја содржел вашиот кориснички број, без обзир на фактот потекнува од и според законот за заштита на авторските права, клевета, приватности или инаку, некоја забранета корисничка содржина или пак било каква друга содржина.

Сони одбива секаква одговорност за неовластено користење (од други корисници) на корисничката содржина и одбива (без никакво ограничување) секаква одговорност за користење на корисничката содржина, која крши авторски права, трговски ознаки и права или права на друга интелектуална сопственост или на друг корисник или лице.

Корисникот е самостојно одговорен за секаква повреда (вклучително и на содржината на сајтот), која резултира од користењето (или од поднесувањето) на било која корисничка содржина, или пак на сајтот (вклучително и споровите и инцидентите опишани во претходните делови) како и соодветните трансакции и појави.

Сони нема да има никаква одговорност за неовластениот пристап кон корисничкото име, или автоматското препраќање на пораките или вирусите (предизвикано од самите вируси или поинаку), на лицата чии детали биде доставено од страна на корисникот за допишување во секаква книга на адреси, која е на располагање преку сајтов.

Ограничувањата и исклучувањата од одговорноста во овие услови, се применува без обзир дали одговорноста е заснована на кршење на договор, прекршок (како небрежност или оспорување), строга одговорност, прекршување на гаранциите, или било која друга правна теорија.

15. ЧУВАЊЕ И ГУБЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА КОРИСНИЦИТЕ

Кога Сони, дозволува користење на е-маил, веб - хостинг или други услуги преку сајтов, како и дозвола за чување на податоци, или пак во однос на други соодветни услуги, Сони, го резервира правото да натура и да менува ограничувања или рестрикции (краткорочни или инакви) на користењето на услугата, вклучително и ограничување по однос на чување податоци на одреден простор (на пр. максимален вкупен лимит или максимален лимит на големината на фајловите или емајл пораките), време и старост на фајловите (на пример е-маил пораки постари од 180 дена) број и големина на фајловите (на пример максимален број е-маил пораки, кои може да бидат испратени, или чувани под вашето корисничко име) количина на податоци симнати или ставени на сајтот, или пак било какви други критериуми коишто Сони може да ги воведе. Без ограничување следниов став, материјалите кои ги надминуваат таквите ограничувања може да бидат избришани, или пак да не бидете прифатени за меморирање. Корисниците не смее да продаваат место за чување податоци на сајтов.

Сони не е одговорен за загубување, бришење, отстранување или недоставување на некоја содржина до примателот за кој е наменета, а која била поставена на сајтот, ако до тоа дошло поради компјутерски вирус, неовластен пристап или инаку. Корисниците се советуваат да чуваат бекап копии од сета корисничка содржина, а истите се согласуваат да го прават тоа за сиот префрлен материјал на кориснички содржини. Сони го резервира правото да откаже пристап до овој сајт, и да ја поништи корисничката содржина во секое време без претходно известување.

16. НЕМА ГАРАНЦИИ - УСЛУГИ НА САЈТОТ И СОДРЖИНА НА ИСТИОТ

Сета содржина и услугите се даваат такви какви што се, и какви што се на располагање, а Сони изрично одбива, до максимум, т.е. онолку колку е тоа според законот, да гарантира или пак на било кој начин да дава (Гаранции) во врска со сајтот и содржината на услугите, било отворено или претпоставено, вклучително и на било какви гаранции кои би можело да заличат на такви во врска со можноста за продажба, добриот квалитет, исправност за некаква практична цел и немање влијание во однос на кршењето на авторски и имотни права на трети лица.

Неограничено:

Сони не дава никаква гаранција дека содржината на сајтот е соодветна, поволна или дозволена за користење на сите места, дека во истата нема вируси, за нејзината способност да биде видена, прочитана и да работи на секаков хардвер, софтвер или содржина, или пак во однос на способноста на корисникот да се приклучи кон неа, или пак да делува низ неа, со било кој друг давател на услуги, мрежи, корисници, или информатички и компјутерски ресурси, преку интернет. Оние коишто ќе пристапат кон сајтов, и ќе ја користат содржината, или услугите на истиот, се одговорни да се сообразуваат со важечките закони како и правила, вклучувајќи ги и сите важечки локални закони.

Иако Сони се обиде да ја провери точноста, применливоста и тековноста на сета содржина, вклучително (кога тоа може) и производот, услугите, поддршката и другите детали и описи кои се на располагање а потекнуваат од трети лица, Сони не дава гаранција за точноста или пак за изјавите кои се појавиле на сајтов. Секакви материјали производи, поддршка, услуги или податоци кои се на сајтов, или пак на кои некој се повикува, може да се случи да се застарени. Сони не се обврзува да врши обновување на содржината на сајтот. Сони одбива секаква одговорност за било какви грешки или промашувања во рамки на содржината на сајтот, (освен кога таквото одбивање би било спротивно на гаранциите или другите услови кои во врска со производите или услугите, продажбата и сл., а такви веќе биле дадено од страна на Сони). Секакви одлуки кои се засновани на содржината на сајтот, (или пак во содржините поставени на него од страна на корисниците) се исклучива одговорност на корисникот.

Сони не дава гаранции дека функциите или услугите кои се на располагање преку интеракции или со други корисници, со сајтов, ќе бидат секогаш во функција, и дека ќе бидат постојано на располагање, без никакви грешки или фалинки, дека дефектите ќе бидат коригирани, или дека сајтов или пак серверот којшто го поддржува не содржат вируси или други штетни компоненти. Сони и неговите партнери, не прифаќаат никаква одговорност, и истите не се одговорни за никаква штета, (или за случаи на загубени податоци), или вируси кои може да го нападнат вашиот компјутер, или опрема, или друг апарат на корисничкото име за пристап, или пак користењето на сајтов вклучително и за симнување слики, софтвер или друга содржина од ситиот. Доколку користењето на содржината на сајтот резултира со потреба за сервисирање, поправка или корекција на опремата или податоците, сите трошоци за таквата поправка паѓаат на товар на самиот корисник.

Податоците во содржината на сајтот (и корисничка содржина) не претставуваат правен, професионален, финансиски или медицински совет нити пак треба некој да ослонува на нив. Не треба да се ослонувате на содржината на сајтот која може да значи изјава за проекција или визија за во иднина. Сони си го резервира правото да не презема ништо што е во согласност со таквите изјави.

Сајтов може да содржи упатување или повикување на специфични производи на Сони, како и услуги кои може да не се или пак сеуште да не се на располагање во некоја конкретна земја. Секое такво повикување нема да се смета за претпоставка која би довела до гарантирање дека таквиот производ или услуга ќе може да се најде било кога во таа конкретна земја.

Кога важечките закони, не дозволуваат Сони самиот да изјави дека не гарантира нешто, како што на пример е кажано погоре, истиот, се откажува и исклучува од секакво можно давање на секакви гаранции до границите до кои тоа е можност огласно законодавството.

17. ТРАНСАКЦИИ СО ТРЕТИ ЛИЦА

Секогаш кога може корисниците да вршат трансакции преку сајтов (или преку некој друг сајт поврзан со линк), со трети лица, (вклучително и други корисници или даватели на услуги), а кои не се Сони, самиот, таквите трансакции ќе бидат (а правата и обврските ќе постојат) единствено помеѓу вас и третата страна.

18. СИМНУВАЊЕ СОФТВЕР, ОН-ЛАЈН АПЛИКАЦИИ – ОГРАНИЧУВАЊА И ОТКАЖУВАЊА

Секакви драјвери, софтвер, програми (како и сите ажурирања и подобрувања), plugin-и, пребарувачи, периферни и други апликации, засновани на компјутери, услуги и алатки, секој софтвер кој им е иставен ан корисниците на располагање, во врска и заради олеснување на пристапот, кон секаков вид претплата која има врска со сајтов, како и сите фајлови и слики, кои се вградени или направено од страна на софтверот, програмите и други материјали кои се на располагање за симнување, или пак преку услугата на далечинска апликација, од содржината на сајтот (алатки) се ставени на располагање со цел поддршка на услугите на корисниците. Правната сопственост на алатките (без обзир дали е симната или не е), не се префрла врз корисниците, туку истата заедно со сите авторски и имотни права е сопствениот на Сони, неговите партнери или на соодветните даватели на лиценци.

Користењето на секоја од алатките од страна на корисниците, ќе се одвива исто така според условите на секој од придружните онлајн или офлајн документи, лиценцата за последниот корисник, или други соодветни договори, како и условите и начините наведени од страна на соодветниот продавач или пак давател на лиценцата (EULA) (а која ќе има примат над овие услови, во случај на било каква неусогласеност на овие услови). Тогаш кога нема никаков EULA придружен со апликациите, истите се лиценцираат на вас - посебните корисници, на непренослива, неексклузивна, основа, но која може да ви се прекине.

Услужните програми може да се користат само на начин на кој е утврдено во EULA. Корисникот не смее да репродуцира, копира, продава, издава, преправа, растура на делови, или да ги продава услужните програми, освен доколку тоа нешто е изрично дозволено со EULA или со закон. Неовластеното користење на услужните програми е повреда на авторските права и другите имотни права па Сони или соодветниот давател на лиценцата (зависи) си ги резервира сите права.

Сони не дава никаква гаранција во врска со точноста или исправноста на резултатите или пак на производот кој ќе излезе од користењето на услужните програми. Сони не прифаќа одговорност за загуба на податоците предизвикана со инсталирањето или користењето на било кој од симнатите Услужни програми, ниту пак дава некаква гаранција или прифаќа одговорност од било каков вид, во однос на Услужните програми.

Сони препорачува корисниците (а Корисниците гарантираат дека ќе се придржуваат) секогаш да си направат копија на сите податоци на хардверот (со или без Услужните програми да се инсталирани или да се користат) пред инсталирањето или користењето на Услужните програми.

Сони и партнерите на Сони не нудат поддршка или помош (освен ако е тоа специфично наведено во важечкиот EULA, доколку таков воопшто има) при користењето, инсталирањето или одржувањето на било кој од Услужните програми, или пак при решавањето на проблеми или настани кои може да се појават како резултат од користењето и инсталирањето на Услужните програми.

Признавате дека Услужните програми, и било која придружна документација или технички податоци, може да се контролираат согласно важечките закони и приписи. Се согласувате дека нема да правите изнесување или преизнесување на Услужните програми, директно или индиректно, со што ќе ги прекршите ваквите закони и правила.

Кога Сони е согласен (писмено) да дава техничка поддршка согласно производот на Сони, ќе овозможи поддршката на соодветен производ на Сони со оперативен систем и друг софтвер, во иста форма и верзија како онаа која ја дава производителот - фабриката на Сони или пак фабриката на партнер на Сони, а може да избере да не нуди поддршка за производи на Сони, за кои Услужните програми се подоцна вградени и ставени на располагање.

Важечките EULAs може да налагаат дополнителни исклучоци и ограничувања на Услужните програми.

Симнувањето на некоја Услужна програма претставува прифаќање на овие услови. Доколку не се согласувате со условиве, не може да симнувате ниедна Услужна програма ниту пак за неа придружната документација.

19. ОТСУСТВО НА ОДГОВОРНОСТ - СОДРЖИНА НА САЈТОТ

Сони, партнерите на Сони, како и сите други лица вмешани во формирањето, произведувањето, хостирањето или доставувањето на содржини од сајтот, не се одговорни за секоја директна, индиректна, специјална , случајна, консеквентна или казниви штети, вклучително и загубата на податоци, загуба на профит, прекин на деловните активности, или времето во кое настанале или пак штетите од друга природа (вклучително и поради небрежност, и други прекршувања), кои резултираат од користењето или неспособноста да се користи содржината на сајтот, дури и ако Сони или овластен претставник на истиот бил предупреден за можноста од такви штети.

Применливото право може да не дозволува исклучоци од одговорноста во овој дел за сите случаи. Исклучоците од одговорност во овој дел се однесуваат само на максималниот степен кој е дозволен од страна на законите.

Во ниеден случка одговорноста на Сони заради штета или загуба (утврдена во договор, небрежност, прекршок или инаку) не го надминува износот кој е платен од страна на корисникот за пристап кон сајтов (освен ако не е инаку пропишано од задолжителното важечко право).

Ништо од содржината на Условиве, не ја исклучува одговорноста на Сони или на неговите партнери за смрт или за повреда на лице која потекнува од небрежноста на Сони или неговите партнери.

20. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ПРИВАТНОСТ И COOKIES

Со доставувањето на податоци преку сајтов или преку постапка на соодветна телефонска:

Се согласувате со обработка на вашите лични податоци, како што се вашето име и титула, адреса, телефонски број, контактни податоци и други лични детали (Лични податоци) согласно условите наведени под "Лични податоци" (или наречени слично) дел од податоците за регистрација од формуларот за постапката за телефонска регистрација н сајтов.

Се согласувате дека обработката на Личните податоци е потребно заради или пак истиот е пожелно, заради персонализација на вашите посети на сајтот, или за добивање и проверка на пристапот кон сајтов, или делови на истиот на регистрираните корисници, или пак на плаќањата на претплатата, како и вашата согласност за таквата обработка.

Во одредени околности Сони може да побара дополнителни лични податоци, како што се фотокопии од документите за идентификација, или пак кредитни картички на пример за верификација на идентификацијата или пак заради заштита од измами. Кога таквите дополнителни податоци се доставени кај Сони, а во врска со сајтов, истите исто така ќе се сметаат за "Лични податоци".

Сони може да го дава на други, да ги објавува и да ги префрла Личните податоци на други сектори и одделенија на Сони како и на партнерите во Европа и (зависно од строгите правила кои ги има како строгото почитување на законите за заштита) во странство, како и они на Корпорацијата Сони во Јапонија. Сони нема да ги открива Личните податоци на лица и организации, освен на своите партнерки - фирми, (3P's) без ваша согласност, освен во случаите како подолу.

Личните податоци може да им се даваат на 3P's за да се овозможи (1) извршување на договорите во кои сте една од договорните страни, ни за други цели наведени во овие услови, или пак другите цели кои се наведени во делот "Лични податоци" (или пак истата работа именувана инаку) дел од податоците за регистрација формуларот за пријавување, или пак телефонската регистрација која е постапка која е следена на сајтов; или (2) согласно законските обврски на Сони и партнерите на Сони, кои се предмет на истите обврски.

Личните податоци може да се откриваат на 3P's заради овозможување, истите да можат да ви ги даваат потребните услуги, или пак по наредба од страна на Сони или неговите партнери. Во ваквите случаи Сони, презема мерки за да обезбеди дека 3P's се усогласени со политика за заштита на податоците и дека таквите приматели (1) не ги користат Личните податоци на друг начин освен за целите кои се дозволени; (2) стекнување и обработка на Личните податоци само под услов, дека истите се безбедни од неовластено користење и дека се применуваат и дека се почитуваат истите со слични строги правила за заштита и услови на таквите Лични податоци и нивната примена и користење; и дека (3) се е строго според важечките закони.

Кога Личните податоци се даваат заради трансакциите кои се поврзани со плаќања, (како плаќања заради претплата), Сони може да ги пренесува Личните податоци на 3P's кои се агенции за контрола и проценка на можни измами или 3P's кои инаку се вклучени во криминална заштита, со цел да се обработи пристапот до вашата кредитна картичка или пак другите методи на плаќање, или пак такви за борба против криминалот или пак агенции кои се бават со постапки на извршување на плаќања со кредитни картички. Личните податоци префрлени на таквите 3P's може да треба да се префрлат во Соединетите Американски Држави, или во други места вон од територијата на Европската Унија, заради обработка или пак соодветни цели. Некои агенции имаат издадено инструкција дека префрлените Лични податоци исто така ќе се користат за формирање кредит, ризик од измама, и негова проценка за Сони или за други трети лица, со кои можеби сте влегле во трансакции.

Сони може да користи, обработува и да објавува без ограничување, секакви анонимни или општи податоци (вклучително и статистики) во коишто вашиот идентитетот не може да биде откриен.

Може да побарате Сони да ги извести 3P's на кои Личните податоци им се предадени, заради поправки или бришење на таквите Лични податоци. Доколку Сони нема контрола на Личните податоци, истиот ќе ги употреби своите разумни напори за да ги пренесе вашите поправки како и барањата за бришење. Меѓутоа, кога Личните податоци се префрлаат на плаќање со кредитна картичка и некои други агенции заради обработка на плаќањето, можеби ќе треба да се обратите кај истите директно во случаите кога сакате Личните податоци кои им се дадени на таквите агенции да се исправат или пак да се избришат. Сони не може да претпостави, и ја исклучува сета одговорност, за исправање или за бришење на Личните податоци кои се префрлени без ваша согласност (и со ваша согласност) на одредени агенции, како и такви за проценка на можни измени, како и плаќања на агенциите за обработка на податоците, кои бараат или пак претпоставуваат контрола на таквите податоци. Сони не прифаќа никаква одговорност за било кои погрешни кредитни проценки или други проценки кои се направени од другите такви 3P's, агенции или пак други последици (вклучително и несакани кредитни проценки) на Личните податоци кои биле откриени и користени како што е предвидено во "Личните податоци" (или наречени слично) дел од податоците за регистрација формуларот за внесување на истите, или пак преку постапка на телефонска регистрација за овој сајт и за овие услови.

Со пристапувањето на сајтов, корисникот се согласува и прифаќа, Сони и неговите партнери, или пак услугите кои ги даваат, може да испраќаат cookies (мали дата-податоци кои се сместуваат на вашиот хард диск, тогаш кога пристапувате на веб сајт или одреден дел на истиот) на вашиот компјутер или друг драјв за пристап, со цел да се персонализира вашата посета на овој сајт или да научите повеќе за вашето користење на навиките за пребарување, додека сте во посета на сајтов. Сookie-то може да содржи лични податоци за вас и може да биде стално или привремено единечно cookie.

21. ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Корисникот мора да го обештети Сони, фирмите - партнерки на Сони, како и нивните службеници, агенти, вработени и даватели на услуги, како и да ги пазат од штети, во однос на загуби, трошоци, постапки, оштетувања, исплати (вклучително и разумни правни трошоци и давачки) или одговорности било како направени од било кого како резултат на секакво побарување од страна на трети лица, кои се резултат на прекршување или на непочитување на Корисникот на било која забрана или ограничување на активностите на истиот во однос на сајтов, а кои се содржани во овие услови, како и било каква активност, постапка или гаранција на корисникот кои се содржат во Условиве, во однос на било кое побарување за штета, од страна на било кое лице а во однос на предметот одговорностите или обврските кои се одбиваат од страна на Сони, а во согласност од овие Услови.

Без ограничување во однос на генералното на горенаведеното обештетување, корисникот дава, обештетува или пак го пази Сони, неговите партнери и нивните службеници, агенти, вработени и даватели на услугите (кои одбиваат одговорност) во однос на побарувања, одговорностите, чинењата (вклучувајќи ги правните давачки), трошоците, барањата и обештетувањата (Директни, посредни или последователни) од секаква природа, познати или непознати, под сомнеж или кои не се под сомнеж, скриени или откриени, било како да настанале, од страна на било кој од нив кои потекнуваат или се на било кој начин поврзани со:

секакви забранета или ограничена корисничка содржина поставена од страна на корисник за кој постои ограничување или некакво користење на сајтов, од страна на Корисник, (вклучително и забрането или ограничено користење на сајтот од страна на корисникот);

секаква загуба, бришење, отстранување, корумпирање или објавување на корисничката содржина, поставена од страна на корисникот; или било какво неовластено користење на корисничкото име или пак некакво загрозување на безбедноста на корисничкото име со пропуштање на одржувањето на безбедноста на корисничкото име , лозинки или други безбедносни детали, како и сите појави поврзани со тоа.

22. ХИПЕРТЕКСТ ЛИНКОВИ КОН И ОД ОВОЈ САЈТ

Мора да барате и да добиете писмена согласност од страна на операторот на сајтов пред да направите било каков линк кон него. Длабокото поврзување Deep linking е стриктно забрането. Сите овластени линкови кон сајтов мора да се кон главната страна на сајтот, мора да го направи истото јасно и дека сајтов и содржината на истиот е инаква во однос на веб сајтот, кој го содржи линкот и мора да го биде јасно ставено на увид дека сопственик на сајтов и дека истиот го одржува и води Сони.

Сони може да обезбеди, или истото може да го направат трети лица (со согласност на истите), хипертекст/линк, на други веб сајтови, или други ресурси кон или од нив. Вклучувањето на такви линкови во овој веб сајт е само заради погодност и не претпоставува прифаќање од страна на Сони, од друг веб сајт или друга асоцијација, со операторите на таквиот сајт. Сони препорачува дискреција за време на прелистувањето на својот сајт или пак на надворешни сајтови и ресурси. Некои веб сајтови може да содржат или пак да ги префрлуваат Корисниците со линк на веб сајтови кои содржат информации кои може да се сметаат за несоодветни или навредливи. Надворешните веб сајтови, може да испраќаат свои сопствени cookies на Корисниците да собираат податоци или пак да ги користат личните податоци.

Корисниците кои ги посетуваат надворешните веб сајтови, преку линкови од овој сајт, е потполно на ваш сопствен ризик.

Сони не ја потврдил точноста или пак поволноста на сите информации на надворешните веб сајтови или ресурси, кои се со линкови или им се пристапило преку овој сајт, или кој прави линк со сајтот на Сони. Сони не е одговорен за никаква содржина, реклама, производ, поддршка, услуги или други материјали кој се наоѓа или пак е на располагање на таквите надворешни веб сајтови или ресурси. Сони не е одговорен за точноста, усогласеноста со авторските права, законитоста или пристојноста на материјалот кој се содржи во надворешните веб сајтови или ресурси. Сони не е одговорен и ги одбива сите гаранции, изрични или пак оние на кој некој се повикува, за точноста, важноста, правноста, усогласеноста на авторските оправа, пристојноста или пак инаку, за сите материјали или податоци кои се содржани на надворешните веб сајтови или ресурси. Сони не е одговорен за ни директно ни посредно, за секоја штета или загуба која настанала или пак постои обвинување дека настанале поради користењето или пак ослонувањето на било која содржина производ, поддршка, или услуги кои биле на располагање или пак преку некој надворешен сајт или ресурс.

Без ограничување на горенаведеното, Сони не прави ништо ниту гарантира за безбедноста на било каков податок (вклучително кредитна картичка или друга лична информација) која корисникот би можел да биде прашан да даде, на трети лица, преку линкувани веб сајтови, а корисникот се откажува од секакви побарувања за обештетувања против Сони, во однос на било какво прашање.

23. ЗАВРШУВАЊЕ

Освен ако не станува збор за услуги или пристап за кој се плаќа претплата, корисникот може да ги раскине своите привилегии да ги користи услугите на сајтов, како и содржината на друг сајт, во било кое време со уништување на сета содржина која ја симнал од сајтов, како и сите копии, каде годе истите да се сместени или инсталирани. Правото на корисникот да ги користи услугите на сајтов, како и на друг сајт, ќе прекине веднаш со или бес предупредување од Сони, на основа на дискреционо право, доколку корисникот не се сообразува со овие Услови.

Кога претплатата или друга такса се плаќа од страна на корисникот во поглед на пристап и користење на сајтов, или пак на услуга, истиот мора да го извести Сони писмено (или со посредство на други овластени начини), по негова нејзина желба, за раскинување на претплатата. Во отсуство на некој одредба која тврди нешто спротивно, што се однесува на способноста на корисникот да ја раскине претплатата, за услугите, со оставање на Сони на барем еден потполн календарски месец од денот на таквото раскинување.

Сони може да го раскине пристапот на корисникот, или пак регистрацијата преку истиот доколку корисничкото име не се користи, или пак кога корисникот не се логирал во текот на период подолг од 3 месеци или повеќе (или друг таков период кој ќе се утврди од Сони).

Сони исто така го задржува правото да го раскине пристапот на корисникот кон сајтов, или согласно дискреционото наоѓање на Сони, во секое време и без причина (со враќање на сите пари платени однапред од страна на корисникот а заради пристап согласно со примена на условиве). Во такви околности, Сони, ќе направи разумни комерцијални напори да испрати порака за раскинување на односот со Корисниците, на последната емаил адреса која ја доставиле.

При раскинувањето, корисникот мора да престане да го користи сајтот како и да ги уништи сите копии од сајтот кои ги и неговите содржини, а Сони може да ги отстрани или да ја поништи сета содржина, освен во случаите кога е издадена на користење постојана дозвола од страна на Сони за користење на одредена содржина од сајтот а за веќе платен надомест. Без ограничување, на општата слобода која на има Сони да брише или да одбива пристап до корисничките содржини поради било која причина, која следи после раскинувањето, Сони нема да има обврска да ја чува корисничката содржина, или да ви преиспраќа било какви пораки на вам или на трети лица.

24. РАЗНО

Доколку некоја од одредбите на условиве, се смета дека е неостварлива, неостварливата одредба ќе се смета дека следува да се замени со остварлива и важечка одредба која најблизу соодветствува на целите кои требало да се постигнат со оригиналната одредба. Ова никако не влијае врз важноста и извршноста на останатите одредби.

Независно од намерата при одбивањата и ограничувањата на одговорноста во условиве, не се дозволени побарувања ниту дејствија против Сони или неговите партнери, од страна на ниедно лице во однос или поради сајтов освен кога таквото побарување или дејство е започнато или му е најавено на Сони, по писмен пат, во рамки на една година откако причината или дејствието за истата се јавила за прв пат.

Вработените на Сони и агентите на истиот не се овластени да ги менуваат овие услови. Ништо од кажаново во име на Сони од страна на лицето за продажни или куповни односи не смее да се сфати како примена на овие услови или како овластено правно обврзувачко дејствие, за сајтов или за природата или квалитетот на производите кои се прикажани, или пак друга содржина на истиот. Заглавијата во овие Услови, се само заради погодно претставување, и нивниот ред или содржина немаат никакво влијание при изработката на Условиве.

Јавувањето на било кој клиент на телефонските линии за помош, кои се однесуваат или се повикуваат на сајтов, може да се случи да треба да го снимаат или слушаат, при вршење на обука или пак поради контрола на квалитетот.